(Видео) Тpaгeдиja вo CAД: Вo Флорида y6иeни чeтиpи лицa, мeѓy кoи и мајка со бебе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Флорида рано утрово беа убиени четири лица, вклучително и мајка со бебе во рацете, а осомничениот напаѓач бил толку агресивен што откако бил уапсен, во болницата се обидел да му го одземе пиштолот на еден од полицајците, соопшти локалната полиција.

Шерифот на округот Полк, Грејди Дад изјави дека неидентификуваниот осомничен носел панцир кога бил пронајден пред куќа во Лејкленд, пренесе АП.

По огнот со полицајците кога беа испукани десетици, ако не и стотици куршуми, рече Дад, властите влегоа во куќата и најдоа 11-годишно девојче со повеќе рани од огнено оружје, тројца загинати, вклучително и мајка која се уште го држеше своето дете во раце.

Убиена е и една жена во соседната куќа.

Кога осомничениот ќе се опорави од повредите, ќе биде префрлен во затвор и се очекува обвинение, наведува АП.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This