(Видео) Украл скап спортски автомобил пред очите на продавачот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најновата Корвета е толку пожелна што некои се спремни да направат се за еден круг по населбата.

Шегата настрана, ова е веројатно најлошиот кошмар на продавачот на автомобили. Додека на заинтересиран клиент ја покажувал Корветата по тест возењето, клиентот одлучил да остане да седи во автомобилот, ја заклучи вратата и исчезна од салонот со малку гас. На се бил сведок колега кој ја снимил оваа, благо речено, невообичаена ситуација.

Добрата вест е дека автомобилот брзо бил вратен во изложбениот салон на Шевролет во Вирџинија. Имено, непослушниот „купувач“ возел низ неколку населби и потоа се откажал, оставајќи го автомобилот покрај патот. Други извори велат дека тој бил запрен од полицијата по неколку блокади.

Corvette C8 е еден од најбараните нови автомобили на американскиот пазар. И покрај високата цена, списоците на чекање стануваат се подолги, и се бара секоја можност да се дојде во посед на автомобилот. Барем за некое време, бидејќи 6.2 V8 со 500 КС е едноставно неодолив, особено во „пакувањето“ кога до стотка ќе ве доведе за околу 3. секунди.

Видеото можете да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This