March 28, 2024, 10:09 am

(Видео) ФДА oдoбpи итнa yпoтpeбa нa тepaпиja зa Koвид-19 co cинтeтички aнтитeлa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американските регулатори вчера ја одобрија привремената итна употреба на првиот експериментален лек кој функционира како терапија со синтетички антитела во третманот на COVID-19 на фармацевтската компанија Eli Lilly and Company, но само за пациенти со лесни до умерени симптоми кои не се хоспитализирани и не се изложени на ризик од тешка форма на болеста поради коморбидитети или ризична возраст.

Нешто повеќе од еден месец откако американската компанија Eli Lilly and Company поднесе барање за одобрување на терапија со антитела, ФДА издаде одобрение за нејзина итна употреба врз основа на резултатите од клиничкото испитување спроведено врз 465 возрасни лица кои не беа хоспитализирани.

Еднократна доза на лекот ја намалува потребата за хоспитализација
Резултатите од студијата покажаа дека еднократна доза на лекот ја намалува потребата за хоспитализација или примање во одделението за Итна помош на пациенти со висок ризик од COVID-19.

Тоа е терапија со синтетички антитела, кои се произведуваат во лабораторија и се специфични само за еден антиген.

Овие антитела се широко употребувана класа на биотехнички лекови и во овој случај станува збор за вештачки произведена копија на антитело создадено од човечкото тело во борбата против инфекцијата.

Нивната примена во медицината е разновидна: од откривање на микроорганизми, тумори или разни супстанции во организмот (хормони, лекови) до сузбивање на имунолошкиот одговор при трансплантација на ткива и органи и третман на малигни тумори.

Синтетичките антитела имитираат реакција на имунолошкиот систем по инфекција со коронавирусот, бидејќи тие го блокираат скокот на вирусот, и не му дозволуваат да се поврзе и да навлезе во човечките клетки.

Лекот се смета за поефикасен во почетната фаза на инфекција, кога антителата сè уште имаат можност да го контролираат „напаѓачот“, но не и во втората фаза на COVID-19, кога опасноста за пациентот повеќе не е самиот вирус.

Видео ликот може да го погледнете тука.

Трамп доби сличен вид терапија
Сличен вид на терапија, развиена од Regeneron Pharmaceuticals, прими и американскиот претседател Доналд Трамп откако тој се зарази со коронавирус на почетокот на октомври.

Водечкиот американски експерт за инфективни болести д-р Ентони Фаучи тогаш изјави дека токму оваа терапија, најверојатно, придонела за брзото закрепнување на Трамп.

ФДА објаснува дека терапијата со антитела на Eli Lilly and Company може да се користи кај сите возрасни лица кај кои неодамна е дијагностицирана лесна до умерена форма на COVID-19, како и кај деца над 12 години со тежина од најмалку 40 кг со истовремени заболувања што ги изложува на ризик од појава на потешка форма на болеста или на хоспитализација.

ФДА посочува дека ова не е трајно одобрување и дека ќе трае само за време на пандемија и може да се отповика потоа.

Компанијата ќе започне со испорака на лекот наречен LY-CoV555 веднаш преку дистрибутерот AmerisourceBergen, но за нејзината регионална дистрибуција ќе одлучува федералната влада.

ФДА посочува дека лекот не е одобрен за хоспитализирани пациенти или за оние на кои им е потребна терапија со кислород поради инфекција со COVID-19, бидејќи кај такви пациенти клиничкиот исход на болеста може да се влоши.

Владата на САД купи 300.000 дози од овој лек
Неодамна, Eli Lilly and Company објави дека се прекинуваат клиничките испитувања на терапијата со антитела кои беа спроведени под надзор на владата на САД врз хоспитализирани пациенти, бидејќи тие не покажаа позитивни резултати.

Владата на САД купи 300.000 дози на лекот, ветувајќи дека американските граѓани нема да мора да плаќаат за тоа од свој џеб, иако здравствените установи може да наплатат надомест за административни услуги.

„Разумно е да се верува дека познатите и потенцијалните придобивки од терапијата со LY-CoV555 (…) ги надминуваат познатите и потенцијалните ризици“, напиша во писмото за одобрување научниот директор на ФДА, Дениз Хинтон.

Третманот со антитела ќе им овозможи на САД „да го издржат притисокот до дистрибуција на безбедни и ефикасни вакцини“, рече министерот за здравство Алекс Азар, кој првите вакцини ги очекува пред крајот на годината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This