(Видео) ФИЛИПЧЕ: Се работи на решение за намалување на гужвите во автобусите на ЈСП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министрот за здравство, Венко Филипче, одржа прес конференција за состојбата со епидемијата на Ковид-19 во Македонија. Според најновите информации, потврдени се 22 нови случаи на заболени, со што бројката во земјата се искачи на 136. Досега починаа две лица, жена од Куманово, на која беше дијагностицирана постсмртно и маж од Дебар на кој нагло му се влошила состојбата и ноќеска починал.

Имфомакс го потенцираше проблем кој настана со намалување на бројот на линиите на автобусите на ЈСП, кои беа редуцирани што резултираше со поголем број на патници и поголеми гужви.

И покрај вашата најава дека ќе се зголеми бројот на линиите на ЈСП, од утринава повторно гужви во автобусите поради редуцираниот возен ред. Коментар?

На ова министерот одговори дека е разговарано со градоначаникот и дека веќе се направени пресметки за бројот на автобуси кои ќе бидат доволни и дека од утре би требало да се намалат гужвите во автобусите.

Причина за овој проблем е поместување на целиот возен ред поради полицискиот час, и јас верувам дека веќе од утре проблемот ќе биде решен, рече тој

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This