(Видео + Фото) Ова е човекот кој го намести Ченто – снимен во штабот на СДСМ во Прилеп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екипата на Инфомакс брутално беше нападнат во штабот на СДСМ во Прилеп откако документиравме грубо прекршување на изборниот молк и агитирање.

Но нашата камера откри и нешто повеќе, повеќе полициски службеници беа снимени во просториите на владеачката партија спротивно на законот.

Меѓу полициските службеници кои беа снимени беше и инспекторот кој ја приведе екипата на Инфомакс, но и човекот кој го намести Јане Ченто, внук на првиот претседател на Македонија, Методија Андонов Ченто.

На Јане Ченто на 03 април 2018-та година, еден од осудените за настаните во Собранието на РМ на 27 април 2017 година на 15 години затвор, мерката куќен притвор му беше заменета со мерка притвор. Причината поради која му е определен ефективен притвор е поради тоа што според наводите на двајца полициски службеници тој не ја почитувал определената мерка куќен притвор.

Но тоа не е точно и за настанот постои и уредна видео документација.

Од видеото се гледа дека Ченто никогаш не го напуштил домот, а полицијата само неколку секунди стои пред неговито дом, наводно да провери дали е дома, ниту ѕвони, ниту чука, по што го напушта местото.

И покрај видео доказите, Борче Талимџиоски преку службената белешка го известува судот дека Ченто го напуштил својот дом.

Борче Талимџиоски има инструкции да следи лица под линија на македонски екстремизам, односно сите активисти на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп и регионот како и полициски службеници кои се симпатизери и членови на опозициските парти со нагласок на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ откриј голем скандал со групата од над четириесетина полицајци која се координирала на апликацијата вибер. Во таа група именувана „ХХХ” според она што досега го идентификувавме има началници, полициски командири и полицајци во улога на партиски извршители.

За изборите било договарано, следење, малтретирање и шиканирање на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Во групата членувале и командирот на ОВР Прилеп – Дарко Цуцулоски, заменикот командир – Ванеса Колашинац, началникот на НККР Прилеп – Емилија Велкоска, како и Кире Китаноски кој е личен шофер на советникот на министерот Спасовски – Оливер Лукароски, кој според конверзацијата во групата е главниот налогодавец.

Во оваа група е издадена и наредбата за приведување на екипата на Инфомакс во Прилеп за да биде спречен нашиот обид да се документира поткупот во штабот на СДСМ во Тризла.

Погледнете со што се служела власта изминативе 4 години.

Инаку Инфомакс уште пред две години ја извести македонската јваност дека под кодното име „Атлантик“ била водена мега разузнувачка операција за следење на сите противници на промената на името, но и луѓе кои не се согласуваат со ставовите на актуелната власт.

Во операцијата на „УДБА“ биле следени политичари, активисти, новинари сите под обвинувања за наводен македонски екстремизам.

Противзаконското следење и прислушкување имало за цел доколку се случи инцидент налик оној на 27 април, сите кои биле мета да завршат како Јане Џенто, Горан Ангелов и сите останати осудени за тероризам за уападот во Собранието.

Покрај политички структури и новинари како што бил следен и прислушкуван уредникот на Инфомакс, Александар Митовски и новинарот Милош Милошевски, биле следени и навивачките групи како што се навивачите на Вардар, „Комитите“.

На „Комитите“ власта се обидувала да им накалеми соработка со рускиот тајкун Иван Савидис и наводно дека земале руски пари за да го спасат македонското име.

Љупчо Палевски попладнево на прес конференција со јавноста сподели документи и докази за случајот.

Покрај уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, следени и прислушкувани се Сотир Костов, Љупчо Палевски, Жарко Гроздановски, Јанко Бачев.

Застрашувачки е фактот што сите оние кои биле следени биле третирани како терористи и македонски екстремисти, а нивниот единствен грев бил тоа што си ја сакале државата и биле противници на промена на името.

Сознанијата кои ги сподели Палевски со јавноста се доказ дека и натаму во Македонија нелегално се прислушкува и дека Зоран Заев ги следел и прислушкувал сите свои политички противници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This