(Видео) Фудбалот е чудо: И Данци и Финци во еден глас – Кристијан Ериксен, ривалствтото завршува кога се работи за живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва на стадионот „Паркен“ во Копенхаген беше избегната вистинска спортска трагедија, откако Кристијан Ериксен колабираше на теренот, што доведе до прекин на мечот меѓу Данска и Финска на Европското првенство.

Фудбалерот на Интер загуби свест и неколку долги минути докторскиот тим не можеше да го реанимира, но за среќа успеа и тој е стабилен. Фановите на трибините, соиграчите и играчите на ривалот беа во шок, многумина во солзи и неверица. Мечот официјално беше прекинат, ама ќе се доигра, а навивачите останаа на трибините во недостаток на информации кога Ериксен беше изнесен на носилка и прикриен.

Сепак, во тие моменти кога играчите си заминаа и Ериксен беше веќе далеку од теренот, се виде вистинската убавина на фудбалот, фановите на Финска и Данска заедно скандираа за фудбалерот. Финците викаа: „Кристијан“, додека Данците скандираа: „Ериксен“.

За среќа, Ериксен е стабилен и се наоѓа во болница, а неговите соиграчи ќе го доиграат натпреварот со Финска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This