April 26, 2024, 11:44 am

(Видео) ХАКИРАНА ЏАМИЈА ВО ТУРЦИЈА: Наместо молитва ечеше „Чао бела“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џамиите во турската провинција Измир престанале да ги повикуваат верниците да се молат откако нивниот аудиосистем бил хакиран и преку звучниците била пуштана италијанската антифашистичка песна „Бела чао“.

Таа позната песна на италијанските партизани од Втората светска војна се слушала десет секунди од звучниците на 30 џамии, рече висок верски службеник.

„Како претпазливост, решивме да го затвориме централниот систем на повикување на молитва“, рече Реџеп Сукру Балкан, директор на верската канцеларија во Измир.

„Сè додека не ја подобриме безбедноста, секоја џамија ќе ги повикува верниците од својот сопствен систем“, додаде тој.

Обвинителите покренаа истрага, вклучително и против лица кои споделуваа објавувања на социјалните мреж за инцидентот.

„Жал ни е што оваа провокација се случи во толку чувствително време“, рече Балкан за инцидентот за време на светиот месец рамазан и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан.
 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This