- Advertisement -
Светскиот првак Луис Хамилтон од Мерцедес победи на јубилејната 1000. трка во Формула 1 која се возеше за ГН на Кина.
За Хамилтон ова беше 75 победа во кариерата, втора едно по друго бидејќи победи и за ГН на Бахреин.
Победничкото време на Хамилтон, 1:32.06 , клупскиот колега Ботас беше втор, Фетел од Ферари заврши како трет што е прв подиум за него сезонава.
Во генералниот поредок води Хамилтон со 68 бода, Ботас има 62, Верстапен на третото место има 39 бода.