(Видео) ХОЛАНДИЈА Е ВТОРИОТ ФИНАЛИСТ ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ: Холаднија ја победи Англија со 3-1 во трилер меч

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По победата на Португалија, во второто полуфинале на Лига А на Лигата на нации, Холандија по продолженијата успеа да стигне до победа од 3-1 над големиот ривал и да закаже финале против домашната селекција. 

Англија поведе со голот на Рашфорд во 31та минута од пенал, по грешката на Де Лихт, но во 72та минута од натпреварот токму младата ѕвезда на Ајакс го постигна изедначувачкиот погодок и последен во регуларниот дел од мечот.

Мечот беше исполнет со контроверзии и многу шанси, по изедначувањето на резултатот. Англичананите постигнаа гол преку Лингард, но истиот беше поништен благодарение на ВАР технологијата, а само неколку минути пред крајот на регуларниот дел, повторно благодарение на ВАР технологијата не беше досуден пенал за Холандија.

Продолженијата започнаа со гол во мрежата на Англија. Еден од најскапите дефанзивци на светот, Џонс Стоунс направи катастрофална грешка и неговиот соиграч Вокер несреќно ја затресе сопствената мрежа за водство од Холандија од 2-1. Но, тоа не беше сè од грешките на Англичаните, откако Рос Баркли влезе во друштво на Стоунс и со катастрофален кикс му подари гол на Промес за конечни 3-1 за Холандија.

Финалето против Португалија, Холандија го игра в недела на „Драгао“.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This