(Видео) ,,ХРВАТСКА ДАНАС“:Ќе влезе ли Македонија во НАТО со вакво раководство во Министерството за одбрана?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главното раководство на Министерството за одбрана на македонија во моментов се состои од лица со длабоки приватни, роднински, оперативни и политички врски со Република Србија, пишува новинарот Иван Маровиќ од прватскиот портал „Хрватска данас“.

Во текстот објавен денеска Маровиќ се фокусира на неколку лица во тесното раководство на Министерството за одбрана.

„Државен секретар е Драган Николиќ, син на поранешен офицер на ЈНА од Србија. Освен што е партиски ангажиран во СДСМ и врши логистика за испраќање во мисии луѓе блиски на СДСМ и секако нивна промоција, нема значаен придонес за МО. 

Државен советник, а истовремено и најблизок соработник на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и главен стручњак за човечки ресурси, е Мирослав Стојановски, поранешен капетан во Војската на СФРЈ во време на српската агресија на Хрватска и окупацијата на Вуковар, а беше обвинет и за убивање невини цивили. По окупацијата на Вуковар унапреден е во чин мајор на ЈНА.

 

Началник на Воената разузнавачка служба е Горан Василевски, лице кое има врски со Војската на Србија, што повторно е директна причина што подолго време не добивал сигурносен сертификат. Василевски е еден од ретките вработени во Македонската армија кој во 2013 година пишувал во весникот на Министерството за одбрана на Србија без претходна согласност на Министерството за одбраа на Македонија“, пишува Маровиќ во текстот.

Тој се повикува на мислења на стручњаци од оваа област, кои нагласуваат дека за да се објави текст во службено јавно гласило на војската, авторот на текстот треба да биде поврзан со уредувачката структура на гласилото, т.е. повисоките челници на државата.

„Се поставува прашањето ќе може ли Македонија со ваква организациска структура која очигледно е поврзана со некоја држава која не е членка или партнер на НАТО, во случајов Република Србија, да биде вистински парнер на останатите членки на НАТО, особено на Хрватска“, завршува текстот објавен денеска на Хрватска данас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This