(Видео) Хaoc во Германија: Co aвтoмoбил пokocил лyѓe нa пeшaчкa зoнa, нajмaлкy 4 лицa зaгинaлe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Безбедносните камери го забележале моментот кога полицијата уапсила возач на автомобил кој претрчал низ пешачка зона во германскиот град Трир, убивајќи најмалку 4 лица и ранувајќи неколку други.

Се чини дека снимката која кружи на социјалните мрежи прикажува тројца полицајци кои осомничениот го приковале на земја и му ставиле лисици на рацете додека неколку други го осигурувале апсењето.

Темно сив „ренџ ровер“, со кој биле покосени луѓето исто така се гледа на снимката.

На друга видео-снимка се гледа како 4 полицајци го носат притворениот маж во зграда.

Да потсетиме, осомничениот со голема брзина возел низ пешачката зона во центарот на Трир. Луѓето „летале во воздух“ после што ги покосил со возилото, рекле сведоци.

Во инцидентот најмалку 4 лица починале, а 15 други се ранети, рекол за локалните медиуми Волфрам Леибе, градоначалник на Трир.Осомничениот е 51-годишен маж, објавила полицијата на Твитер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This