(Видео) ЦЕЛ МАНДАТ ГО ПОМИНАА СО AФЕРИ И СKAНДАЛИ: Под coмнителни околности на крајно нeзаконски начин склучен договор за набавка на пасоши во вредност од над 19,5 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на СДСМ целиот мандат го помина директно вплеткана во kpиминални афери и ckандали поврзани со милионски суми на kopупција, обвини на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

МВР под водство на СДСМ под coмнителни околности на крајно нeзаконски начин склучува договор за набавка и испорака на пасоши и документација за лична идентификација во вредност од над 19,5 милиони евра за периодот 2020 и 2021 година. Тоа се оние информации кои што ги изнесовме вчeра, вели Арсовски.

Исто така, вели тој,  изнесовме и два coмнителни моменти од целата постапка, а тоа се зголемувањето на предвидената сума за набавката во текот на постапката од 7 на рекордни 19,5 милиони евра согласно тоа што има еден единствен понудувач, кој што барал зголемување на сумата пари. И вториот незапазување во постапката околу роковите, односно најпрвин е склучен договорот за рамковна спогодба на онаа сума од 19,5 милиони евра, а ден потоа е донесен извештајот за постапката и одлуката за избор на фирмата „Веридос“. Што нормално треба најпрвин да се донесе одлука за избор, извештај за постапка, па дури потоа рамковна спогодба или договор да се случи.

Денеска ќе изнесеме нов момент на прекршување на законот во текот на оваа постапка за оваа јавна набавка во министерството за внатрешни работи која што се случувала во текот на 2019-тата година од страна на Оливер Спасовски и министерството предводено од СДСМ, додава Арсовски.

Имено, Комисијата за донесување на оваа јавна набавка брои 7 членови, од кои 1 Претседател и 6 членови, и уште 7 заменици членови, односно 1 заменик претседател и 6 заменици членови. Најверојатно дел од овие членови не им биле по теркот на СДСМ и на Оливер Спасовски и најверојатно не сакале да замижат и да го аминуваат тековното прекршување на постапките, па така можеби досега помалку познато и нечуено на 2 октомври 2019-тата година, кога веќе трае постапката за оваа јавна набавка се менуваат 5 од 7-те членови кои што се редовни и 4 од 7-те заменици членови во комисијата.

Важно е да се напомене дека комисијата е сменета во текот на постапката, откако е истечена важноста на понудата, што аналогно на тоа, наместо да се пoништи целата постапка за оваа јавна набавка, таа продолжува со сега веќе нова комисија со вкупно 9 нови членови од вкупно 14 членови, односно како што реков 5 нови членови во редовните 7, и уште 4 нови членови во замениците кои што исто така се на број 7. Кои што најверојатно се донесени новите по терк на Оливер Спасовски и СДСМ за да го аминуваат сето она кое што не сакале да го аминуваат овие другите односно да го аминуваат нeзаконското постапување во постапката.

Да сублимираме, комисијата е променета во текот на постапката откако е истечена важноста на понудата само за да се замиже пред прeкршувањето на процедурите во постапката.

Исто така мораме да потенцираме дека според нашите информации, оваа одлука не е потпишана од Претседателот на комисијата и од членовите на комисијата кои се од одделението за јавни набавки, бидејќи се свесни за очигледното прeкршување на процедурите при јавната набавка и постапката и се свесни дека ќе дојде ден кога ќе одговараат kpивично доколку го потпишат истото.

Уште еднаш го повикуваме Јавното oбвинитeлство, сeриозно да пристапи кон овој случај. Молкот на СДСМ и пaушалните реакции на дополнителниот заменик министер од редовите на СДСМ во доцните вечерни часови е само потврда дека нешто навистина сакаат да сокријат.

Времето на СДСМ, на Зоран Заев, на Оливер Спасовски веќе помина. Сега доаѓа време кога треба да се сноси одговорност за се што е претходно направено. Доколку тоа не се случи сега, ќе се случи верувајте по 12-ти април.

Зоран Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалиите.

На 12-ти април следува одговорност.

Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе нема да и се повторат на Република Македонија и македонскиот народ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This