Вселенскиот телескоп Џејмс Веб штотуку ги заврши првите пробни тестови пред полетување, со што е еден чекор поблиску до успешно лансирање.
Ако се иде по план, телескопот ке биде лансиран на 31-ви Октомври 2021 година од Гијана вселенскиот центар на Ариана 5 ракета.
Развивањето на новиот телескоп е колаборација помеѓу НАСА, Европската вселенска агенција и Канадската вселенска агенција, кои заедно учествуваа во финансирање,развивање и изградба на телескопот.
Вселенскиот телескоп Џејмс Веб е најкомплексниот телескоп до сега изграден, со комплексни сензори кои ке му помогнат да гледа далечни космички тела како други галаксии и ексопланети, и ке им помогне на вселенските агенции во потрагата по вонземски живот.