(Видео) ЧЕТИРИ СЛАВЕЈЧИЊА МУ ПОСВЕТИЈА ПЕСНА НА ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ: „ Засекогаш ќе останеш врежан во нашите срца“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Секогаш твоето име ќе го величиме и засекогаш ќе остане врежано во нашите срца. Со тебе пораснавме, се дружевме, а сега те нема. Ќе се потрудиме да го зачуваме твоето дело и никогаш да не бидеш заборавен..“

Четири девојчиња од хорот на „Златно славејче“ напишаа и снимија песна за Влатко Илиевски, пејачот и актер кој пoчинa минатото лето, а десет години беше водител на фестивалот „Златно славејче“.

Елена Георгиевска, Матеа Илиева, Викторија Ефтимова и Анастасија Илиевска ја напишаа музиката и текстот за песната „Недостигаш“ и му ја посветија на нивниот омилен Влатче, за кој велат дека им бил идол и голем пријател. Aранжманот и продукцијата се на Валентино Скендеровски.

„Секогаш твоето име ќе го величиме и засекогаш ќе остане врежано во нашите срца. Со тебе пораснавме, се дружевме, а сега те нема. Ќе се потрудиме да го зачуваме твоето дело и никогаш да не бидеш заборавен. Работевме со многу труд, имавме голем мотив. Знаеме дека нашиот другар Влатко ќе биде горд на нас. Добивме голема поддршка од продуцентот Валентино Скендеровски и што е најважно – добивме поддршка од фамилијата Илиевски. Упатуваме голема благодарност до сите кои ни помогнаа да ја пренесеме нашата порака“ – напишаа девојчињата.

Влатко Илиевски пoчинa прерано на 33 години само неколку дена после неговииот роденден на 6 Јули 2018 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This