(Видео) Чудни се бугapофилите: Кога Георгиевски збореше Македонците, наши браќа во Пиринска Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот активист и историчар Гоце Панговски одговори на барањето за ТВ дуел од екс премиерот Љубчо Георгиевски.

Панговски прифаќа дуел и сугерира тој да биде на бугарска телевизија.

“Чудни се бугароманите, особено кога нивната бугароманија правопропорционално се зголемува со нивното престорување од голтари во „просечно богати бизнисмени“, нели така Ljubco Georgievski?

Кога таквите во сегашнава ситуација меѓу Македонија и Бугарија на јавна сцена се топорат со некакви понуди за дуели и обвинуваат за кукавичлак, тоа преоѓа во гротеска.

Очебиен факт е дека всушност Ljubco Georgievski е вистинската кукавица што нема храброст својата понуда за јавна дебата за и околу македонската историја со некој Македонец да ја направи на било која бугарска телевизија!

На пример на Българска национална телевизия. БНТ , Информационна агенция БГНЕС , Bulgaria ON AIR, Национална телевизия СКАТ

Мојата маленкост доброволно се пријавува за дуелот којшто го предлага Георгиевски.

Ќе се осмели ли тој да издејствува кај неговите бугарски ментори дебатата да се одржи во живо, без цензура, пред бугарската јавност?!?

Еве еден цитат лично од Георгиевски со кој бугарските медиуми може да ја најават дебатата:

„Денеска ги слушаме нашите пирински браќа во Македонија како формираат свои здруженија, и од таму повикуваат дека се МАКЕДОНЦИ!

Им даваат до знаење на Бугарите дека се МАКЕДОНЦИ, и зборуваат за МАКЕДОНИЈА!
Во Солун и во Егејска Македонија исто така постојат такви наши здруженија“, пишува Панговски за Љубчо Георгиевски чија изјава објавува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This