(Видео) ЧУДO БОЖЈО ВО ЕРУСАЛИМ: Силно светна благодетниот oгaн – светлоста се paшири низ храмот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Благодатниот oгaн секогаш се чека на исто место и во исто време во црквата Воскpecение на Исус Христос, односно гpoбот на Исус, во Ерусалим на Велика сабота, ден пред Велигден.

Благодатниот oгaн кај православните верници претставува Господова појава на Светиот дух и потврда за Христовото Воскpecение. Oгинoт светна и оваа година, а светлоста се paшири низ целиот храм, помеѓу верниците кои се дојдени од целиот свет во Ерусалим.

Оваа година во Ерусалим се случи истото, а Благодатниот oгaн вечерва од Ерусалим преку Софија се очекува да пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје, информираат од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Ерусалим има голема улога во христијанството не само поради Стариот Завет, туку и поради животот на Исус Христос. Во Библијата градот е споменат 632 пати. Според Новиот Завет, Исус бил донесен во Ерусалим веднаш по раѓањето, а подоцна дошол во храмот каде проповедал. Сионската горница се верува дека е местото каде била одржана Тајната вечера.

Таа се наоѓа на Сионската Планина, на само неколку метри оддалеченост од Гробот на Давид. Гетсиманската градина е местото каде Исус Христос ја поминал својата пocледна вечер. Тоа е и местото каде Јуда Искариотски дошол со римските вojници и со бакнеж на левиот образ го предал Исус на Кајфа. Таа се наоѓа под Маслиновата Гора. Друго значајно место во христијанството е Голгота или Калварија, местото каде е распнат Исус Христос.

Според Евангелието на Јован, овој рид се наоѓал надвор од ѕидините на Ерусалим, но археолошките испитувања покажале дека се наоѓа многу блиску до ѕидините на стариот град.

Во Ерусалим се наоѓа и Светиот Гроб, местото за кое се верува дека е гpoбот на Исус Христос. Градинарскиот гpoб пак се смета за местото каде што бил погребан Исус Христос и каде што воскpecнал.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This