April 26, 2024, 12:08 pm

(Видео) ШЕИКОТ ОД ДУБАИ ОСТАНАЛ БЕЗ ТЕКСТ! Сакал да ги изненади вработените, но…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владетелот на арапскиот емират Дубаи ненајавено се прошетал во канцелариите на јавните служби и во луксузно опремените простории на шефовите затекнал празни работни маси.

Ненадејната инспекција на шеикот Мухамед бин Рашид се одвивала во неделата рано наутро (по локално време), но недела е вообичаен работен ден во Дубаи и шеикот очекувал дека во канцелариите на јавните служби луѓето ќе бидат на своите работни места, пишува порталот Kurir.rs.

Но, како што се гледа на снимката која на Твитер ја објави владината служба за медиуми, единствената личност која таму се затекнала во 7:30 часот бил самиот владетел на Дубаи, кој за време на неговата ненадејна инспекција не можел да види ниедно лице, освен сопственото на фотографиите кои врамени виселе на ѕидовите.

Шеикот Мухамед е познат по неговите рани утрински инспекции со кои сака да им испрати порака на службениците дека во работата мора да се држат до светските стандарди, особено што се однесува до точноста на доаѓањето на работа. Владината канцеларија за медиуми во Дубаи не ги објавила имињата на шефовите кои не биле на работа додека шеикот се шетал во нивните пусти канцеларии.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This