(Видео) Шилегов не ги ocyди навредите на Попов за Албанците – „Немам претензија да се мешам во индивидуалните размислувања на никој“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Попладнево актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов веројатно загуби неколку илјади гласови обидувајќи се да го оправда својот поддржувач кој држеше говор на централниот митинг на СДСМ во Скопје, Мирко Попов кој има неславна историја со навреди кон малцинствата, поточно Албанците, закани за убиства, коментари за палење цркви итн.

-Како би ги коментирале изјавите на Мирко Попов на социјалните мрежи каде што тој повикува на палење на цркви, каде што тој сограѓаните Албанци ги нарекува со погрдни зборови и дали СДСМ очекува поддршка од ваков тип на луѓе, гласеше прашањето.

-Градо Скопје поддржува илјадници наши сограѓани, ние во рамките на она што го работевме во системот во култура за време на корона, помогнавме на плејада на наши културни уметници и работници. Јас немам претензија да се мешам во индивидуалните размислувања на никој од нив, изјави Шилегов.

-Ставот на Мирко Попов не може да биде индивидуален, тој беше на вашиот централен митинг и кажа дека „Скопје е дијагноза“ и ве поддржа вас, гласеше потпрашањето.

-Убавината на демократијата е што не треба да ги шикинарите луѓето, вели тој.

Прашањето за Попов започнува во 8-та минута од видеото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This