(Видео) Шилегов се пoфали: Нaбaвени над 130 кoмунaлни вoзила и автoбуси во eдeн мaндaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска одржа прес-конференција на паркингот пред СЦ „Борис Трајковски“ на која беше презентиран дел од механизацијата што Град Скопје и Јавните претпријатија ја набавиле во изминатиот четиригодишен период. Шилегов истакна дека сите јавни претпријатија заедно – ЈСП Скопје, Водовод и канализација, ЈП Комунална хигиена, ЈП Паркови и зелелнило, ЈП Улици и патишта, Дрисла и Градски парк вкупно имаат набавено над 130 нови возила и целосно нова механизација.

„Претставуваме дел од набавената механизација која ние како Град Скопје и сите јавни претпријатија успеавме да ја набавиме во овој четиригодишен период, со цел да ги подобриме условите во градот , од една страна, а од друга страна да покажеме и докажеме што е всушност нашиот приоритет и што е приоритет во трошењето на градските буџетски пари“ – изјави Шилегов.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This