(Видео) Шилегов: Ќе ме избpкa од училиште бидејќи имав панкepска фризура, а денес ме нарекуваат „пиjaндура“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За скопскиот градоначалник Петре Шилегов не е тајна дека има бунтовен карактер. Вака „Репортер“ ја започнува објавата за неговото интервју.

Шилегов откри детали за својата младост и за приватноста, но зборуваше и за тоа како се чувствува што го нарекуваат “пијандура“.

Ретко кој знае дека на времето ќе го бркале од средното економско училиште „Борис Кидрич” оти имал долга коса.

-Ќе ме исклучуваа тогаш, наставници, па директорот… сите. Па долгава коса ја скратив да биде панкерска. Сите со плава кецела на школо, ја со работнички мантил. Ама ете, тоа е таа бунтовност што ја имам од дете и ме следи цел живот, раскажува скопскиот градоначалник, кој зад себе има адвокатска кариера.

Шилегов вели дека успева да ги одвои приватниот живот и јавниот. Но, дека и не секогаш е пријатно кога ќе прочита за себе сешто.

-Ние политичарите претерано сме во фокус. Јас сешто дознав за себе. Така и ја почнаа црната кампања против мене. Пијан сум држел говори. И од тогаш ме следи тоа, овој е пијандура. Е добро де, океј. Очајни луѓе коментираат и тоа не ме допира, ама не е добро кога те судат луѓе кои не те знаат. После, зборат, арогантен сум бил. Кога збориш за некој нешто треба да го познаваш. Ама, ете, јас можам да се носам со тоа, раскажува скопскиот градоначалник.

Ако некој сака да го погледне целото интервју со скопскиот градоначалник, тоа може да го направи на Репортер, на линкот во продолжение:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This