(ВИДЕО) ШИМПАНЗА СО ДОБРО СМИСЛЕН ПЛАН ПОБЕГНАА ОД ЗООЛОШКАТА ОД БЕЛФАСТ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шимпанза искористија гранка за да побегнат од своето живеалиште во зоолошката градина во Белфаст, северна Ирска, во саботата. Чуварот на зоолошката градина, наместо да ја признае вината, за немилиот настан ја обвинил бурата.

Имено, тој посочил дека силниот ветер предизвикал кршење гранки од дрвјата, кои им овозможиле на шимпанзата да остварат билска средба со посетителите, пишува „Сан“.

Мајмуните собрале една поголема скршена гранка и ја искористиле како скала за да се искачат по високиот ѕид и да побегнат.

Слики и снимки од овој настан се појавија и на социјалните мрежи. Посетителите биле шокирани и вознемирени кога виделе шимпанзо на патеката во центарот на паркот.

Други мајмуни биле снимени како седат на ѕидот. Големото бeгcтвo завршило кога службата успеала да ги врати животните во нивното живеалиште.

Ова е втор инцидент во зоолошката градина за кус период кога неодамна исчезна црвена панда поради дефект на електричната ограда околу нејзиното живеалиште.

Животното беше пронајдено пред куќа во непосредна близина на зоолошката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This