April 20, 2024, 12:10 pm

ВИДЕО: Шкендија го прекина постот во Тетово и пукна „петарда“ во мрежата на Македонија ЃП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екипата на Шкендија ја прекина лошата серија на домашен терен и по два последователни меча без успех, конечни и се израдува на една победа. Денес од Градскиот стадион во Тетово со пораз си замина Македонија Ѓорче Петров (5-1).

Првата шанса на натпреварот ја имаше Самир Фазли, кој направи слалом низ противничката одбрана, но истата заврши со фаул во напад врз противничкиот голман. Следуваа два обиди од далечина на тетовчани. Првиот на Бесарт Ибраими со лева нога кој заврши над голот, а вториот на Арменд Алими од 20 метри беше лесен залак за Марко Јовановски.

Домаќинот имаше изразита доминација, повеќе сакаше да се надигрува, но наиде на цврста одбрана, која сепак на крајот од полувремето попушти и дозволи радост на „црвено-црните“. По еден центаршут од слободен удар на Ибраими, на висинското место во противничкиот казнен простор се најде Висар Муслиу, кој биеше неодбранливо со глава.

Во надополнувањето пристигна и втората домашна реализација, овојпат во режија на најдобриот стрелец во ПМФЛ оваа сезона, Ибраими. Капитенот Алими нафрли од десната страна, а голгетерот на тетовчани налета на првата статива и со глава вторпат ја затресе мрежата на Македонија ЃП. 31-годишникот прв стигна до границата од десет гола во новата прволигашка сезона.

Гостите од Скопје имаа шанса да го намалат резултатот, но одлична двојна интервенција направи Костадин Захов. Најпрво го одбрани слободниот удар на Боби Божиновски, а потоа спречи погодок и со втора реакција на гол-лиијата. Продолжението на акцијата донесе црвен картон за Кристијан Филиповски, кој стартуваше остро врз ногата на Мевлан Мурати.

На 20 минути до крајот, десеткуваниот гостински тим ја преполови негативата и донесе неизвеснот во завршницата. По еден корнер, топката се одби од стативата и стигна до нововлезениот Христијан Кировски, кој намали на 2-1.

Фудбалерите на Ќатип Османи го искористија киксот на Вардар и сега се само на -2 од лидерот на табелата. Во следното коло и гостуваат на Беласица, која убедливо ја совладаа во рамки од 3. коло од новата сезона.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This