(Видео) Шпанија врие: Младите со kaмења yдpиja по полицијата, полицијата возврати со coлзавец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Шпанија, зачестија судирите помеѓу младите луѓе кои се собираат на плоштадите и полицијата, која се обидува да ја растера толпата поради опасноста од ширење на коронавирусот.

Во најновите насилства и судири помеѓу полицијата и младите луѓе, седум полицајци беа повредени, а пет лица беа уапсени во градот Алкала де Хенарес во близина на Мадрид.

Во Барселона, во судирте младите фрлаа камења и повредија шест полицајци, разгневените млади се повлекоа откако интервентната полиција, реаагираше употребувајќи палки, штитови и созлавец.

„Никогаш не сме биле сведоци на ваков вид насилство без политички причини во позадина“, изјави претсавник на баскиската полиција.
Четиринаесет лица беа приведени во градот Сан Себастијан и 18 во соседната провинција Кантабриа.

Од укинувањето на полицискиот час во Шпанија во мај годинава , илјадници млади луѓе се собраа ноќе на градските плоштади, паркови и фонтани без заштитни маски, со што го зголемија ризикот од ширење на нова епидемија на коронавирус, од која во Шпанија досега починаа повеќе од 84.000 луѓе.

Меѓутоа, младите луѓе досега не беа толку агресивни кон полицијата која се обидува да ги спречи нивните масовни собири.

„Младите луѓе беа очајни долго време“

Експертите за ментално здравје велат дека причините за таквото однесување се сложени. „Многу млади луѓе беа очајни долго време, фрустрирани од рестриктивните мерки, но и од банализацијата на насилното однесување.

„Кога чувствуваат дека насилното однесување не е потиснато, тие продолжуваат со тоа“, сметаат психолозите.

Секоја од 17 -те автономни провинции воведува свои епидемиолошки мерки. Каталонија, на брегот на Медитеранот, во вторникот одлучи да не отвора ноќни клубови додека не се стабилизира ситуацијата во болниците.

Во Шпанија, земја со 47 милиони луѓе, 69,1 проценти од луѓето се целосно вакцинирани, а неодамна на ред дојдоа и младите луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This