(видео) ШТО ГОВОРЕШЕ КАНЧЕВСКА ПРЕД САМО ЕДНА ГОДИНА: Кога политичарите ќе заборават што говореле пред камера

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крајната цел е промена на името, кој му дава права на Заев спротивно на волјата на граѓаните да го менува името и унитарниот карактер на државата, поддршка за движењето ,,За заедничка Македонија”, вакви пораки испраќаше пратеничката Канчевска Милевска пред Заев да ја формира Владата во своето гостување во дневникот на телевизија Сител. Сега Канчевска очигледно заборави на се што ветуваше и му даде одврзани раце и поддршка на Заев за промена на уставното име. Очигледно политичарите во Македонија неретко забораваат што ветувале и што говореле, особено забораваат што говореле пред камера.

-И со самото загрозување на идентитетот, на нашиот идентитет бидејќи во платформата имате воведување на покрај македонскиот јазик и неговото кирилчно писмо, воведување на албанскиот јазик и неговото писмо. Исто така носење на брза резолуција во самото Собрание во насока на промена на името каде што ќе бидат вклучени и сите албански партии нели во преговарањето со Грција во насока на промена на името и нели брз влез во Европската Унија и членство во НАТО. Сето ова што се случува кое што се реализира од страна на СДСМ токму говори во таа насока дека целта е рушење на уставниот поредок на државата со промена и на името, со промена и на јазикот и воведување се разбира на албанскиот јазик и неговото писмо. Значи чувствата кај граѓанинот во насока на зачувување на унитарноста на државата, на националните и државните интереси сега можеме да го видиме и ние не можеме тоа да го побиеме. Ова се позитивни мирни протести, значи на граѓаните кои што се во насока на зачувување на нешто што е нај исконско за државата, а тоа е идентитетот. Не може јас не знам од каде го црпи правото господинот Зоран Заев да без согласност на граѓаните со задскриени тајни преговори и вакви тајни платформи кои што се донесени во друга држава, посегне по унитарноста на државата и по највисоките државни и национални интереси . Граѓаните се тие кои што одлучуваат за нај високите државни и национални интереси. Затоа сметам, крајната цел е прејасна во однос на целокупната оваа игра, што се тера кон ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е промена на името и идентитетот на нашата држава, велеше тогаш Канчевска.

За името, идентитетот, за Тиранската платформа, за „За заедничка Македонија“ во нешто помалку од две минути во март 2017 година:

https://www.facebook.com/JovanKukuzel/videos/1913520138746610/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This