April 26, 2024, 10:54 am

(Видео) ШТО К*Р ДИШЕМЕ: Парчиња токcичeн „пепел“ во воздухот во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Луѓето може да почувствуваат: иритација во регија на носот, очите и грлото, свирење и стегање во градите, кашлица, отежнато дишење. Долготрајна изложеност на загаден воздух најчесто предизвикува оштетувања на имунолошкиот, репродуктивниот, нервниот, кардиоваскуларниот и особено на респираторниот систем.

Последиците од загадениот воздух особени ги чувствуваат лицата со хронични белодробни и срцеви заболувања, лицата на возраст над 60 години, малите деца како и бремените жени.

Во текот на вчерашната вечер Скопје повторно беше екстремно загадено, но она што го снимија граѓаните беше нешто пострашно. Во најголемата „магла“ вчера во Скопје доколку го уклучевте блицот на вашиот телефон ќе ја имавте следнава слика, парчиња токсичен „пепел“ се забележуваа во воздухот што предизвика вистинска паника на социјалните мрежи.

Еден од корисниците на Твитер коментираше дека станува збор за бариум сулфит кој како и другите соединенија на бариум е токсичен и стронциум карбид кој е познат иритант на дишните патишта, очите и кожата.

 

Во Македонија дозволената концентрација на ПМ честички изнесува 50, според ЕУ стандардите таа изнесува 25, американските стандарди 12, а според препораките на Светската здравствена организација само 10. Вчера во Скопје мерните станици изброија повеќе од 200!

Загадувањето на воздухот е причина за смртност на околу 3 000 лица годишно во државава и е петти главен ризик-фактор за смртност во светот.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This