(ВИДЕО) ШТО ОТКРИЛ РАМИ МАЛЕК ЗА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА И ФРЕДИ МЕКЈУРИ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На недамнешното доделување на „Screen Actors Guild” наградите за 2019. година, Рами Малек ја освоил титулата најдобар глумец за улогата во филмот „Боемска рапсодија“ во кој го доловил ликот на легендарниот Фреди Меркјури.
Во тек на интервјуто кое го дал во таа пригода, Малек раскажал интересна анегдота за познатиот пејач на групата „Квин“ и принцезата Дијана.

На прашањето што најмногу го изненадило во врска со ликот и делото на Фреди Меркјури, Малек изјавил дека во една пригода слушнал дека легендарниот пејач ја одвел принцезата Дијана, преправена во маж во еден бар за да се опушти и непречено да ужива во ноќниот провод. Иако глумецот не може тоа со сигурност да го потврди вистинитоста на оваа приказна, во најмала рака би можела да биде урбана легенда. Но, има фотографии на кои лејди Ди е облечена како маж.

Замислете ја само симпатичната принцеза Дајана облечена како маж и Фреди како се смеат и уживаат во добра атмосфера во еден ноќен клуб.

За жал протагонистите на оваа приказна не можат да посведочат за нејзината вистинитост, но затоа пријателка на славниот музичар, комичарката Клио Рокос, тврди дека споменатиот настан навистина се случил. Според нејзините зборови, Фреди, Дијана која на себе имала војничка јакна, кожна капа и пилотски очила, ја вовел во геј бар каде со неговиот пријател Кени Евертон го погледнале ситкомот „The Golden Girls“ и испиле неколку пијалоци.

Иако никогаш нема да дознаеме дали и што навистина се случило оваа шармантна приказна е убав маж на омилената принцеза и музичката легенда кои никогаш нема да бидат заборавени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This