April 25, 2024, 11:24 am

(Видео) Што се Заев би му дал на ДУИ само за да остане на власт?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе го даде ли Заев директорското место на финансиската полиција на кадар од ДПА, само за пратеник плус?

Се погласни се шпекулациите дека партијата на Тачи како услов за коалицирање со СДСМ барала раководно место во институцијата со која досега директоруваше човек на СДСМ. Според информациите во јавноста , на Тачи оваа институција наводно ќе му служела за истражување на трансферите на пари од Иран и Катар.

Ваквите гласини не ги потврдија политичките партии, но ниту пак ги демантираа.

Нема да биде прв пат Заев да дели директорски места, функции во владата или да исполнува барања и уцени од останатите политички актери само за да добие премиерско место.

ДУИ овие избори бараа албанец премиер, иако нивните ставови омекнаа откако завршија изборите, сепак темата се уште не е замрена. Дали се точни информациите дека Заев договорил ротирачко премиерско место, тој на новинарско прашање не кажа прецизно.

Минатите парламентарни избори пак , тивок услов на ДУИ за мнозинство беше исполнување на Тиранската платформа, односно двојазичност во целата држава.

Откако ја формираше Владата, Заев ветуваше дека нема да го исполни тоа што интегративници од него го бараа.

Кој бе тоа ќе спроведе во Радовиш, во Струмица, во Прилеп во Кавадарци двојазичност. Глупости невидени до каде забегаа. Зборува дали лекарот ќе направил проблем па живот ќе се загубел, ова е невидено, изјави тогаш Заев.

Подоцна речиси сите точки од платформата беа исполнети, па дури и Бујар Османи се стави во улога на инспектор и проверуваше дали таблите на иниституциите во Македонија испишани и на албански јазик.

Извор: Алфа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This