April 26, 2024, 12:33 pm

(Видео) Ѓopѓиeвcки: Teмeлкoвcки спpoведува клacичен гpaбеж на парите граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За да не биде дека Орце и ВМРО – ДПМНЕ лажат, шпекулираат и изнесуваат лаги и невистини, денес на градоначалникот во заминување Темелковски, инфлуенсерот наш кој обожава да се слика и да прави шоу кога работи нешто, му донесов асфалт за кој е уредно утврдено со колкава дебелина треба да се постави, односно согласно нормите за асфалтирање, минималната дебелина треба да е 7цм и асфалт кој што го поставува тој со дебелина како чаршаф, чисто јавноста да види колку тој ги краде и како не треба да се работи.

Му донесов и метро, да измериме и да бидеме уште поубедливи, за утре да не рече дека повторно измислуваме.

Имено, асфалтот поставен на ул. ,,Нагоричанска” во Драчево, реконструирана нешто повеќе од 2 месеци и асфалтот на неа кој вчера лично со раце го искорнав е 3,5цм, значи дупло помалку од пропишаната дебелина.

Понатаму, ул ,,Мариовска” за која исто се фалеше и сликаше има асфалт со дебелина од 3цм, што е уште поочаен од онаа во Драчево.

Прашањето до Темелковски е дали за овие реконструирани улици, беше изработен проект што е обврска согласно законот и кој надзор го одобри ова откако беа завршени тие улици и каде завршија половина од парите кои што беа наменети за реконструирање и се исплатиле овие 2 улици?

Ова е класичен грабеж на парите на нашите сограѓани од Кисела Вода.

https://www.facebook.com/1OrceGj/videos/237261484659344

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This