(Видео) Јакимовски: Да ја подигнеме повторно општина Карпош на пиедестал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ГРОМ денес одржа предизборен митинг во ирбаната заедница Кузман Јосифовски Питу.

Јакимовски потсети на неговите проекти во претходните мандати кои го претворија Карпош во модерна општина со

„Ние, заедно со вас, во сојуз, први во градот Скопје го осветливме кејот, го очистивме од змии, од глодари, влеговме во Вардар со багери, ги расчистивме тие острови, врби, ако се сеќавате. Го очистивме шутот, го осветливме кејот, направивме патеки, и тоа е најуспешниот проект во Република Македонија. Први!! Сите спортски терени од Самопридонес што беа градени од 70тите години ги осветливме и ги оставивме на располагање да се игра по цели ноќи. И сите спортски терени во училиштата. Први започнавме со реконструкција на фасади, први започнавме со замена на азбестни кровови, на лифтови. први почнавме со социјална помош на граѓаните, иако тоа по закон не е наша обврска. Први почнавме со стипендија за учениците, први почнавме со реконструкција на училиштата, иако тоа е обврска на Владата и на министерствово за образование. Во 2011/2012 ги реконструиравме сите училишта. Девет градинки реконструиравме“, потсети Јакимовски.

Јакомовски вети дека ниту еден дел од општина Карпош нема да остане несредена, ќе се направи фекална канализација, зградите ќе добијат нови фасади, ќе се асфалтираат неасфалтираните патишта.

Тој нагласи дека граѓаните не можат да дадат поддршка за неработење, и за неисполнети ветувања.

„Граѓаните и на Скопје и на Карпош, не можат да дадат поддршка за неработење, не можат да дадат поддршка за играње на кантер страјк, не можат да дадат поддршка за седење по кафеани, не можат да дадат поддршка на затворени врати. Не може да дадат поддршка на само ветено, а не сторено“, истакна Јакимовски, додавајќи дека се што вети тој во неговите претходни мандати беше остварено.

„Да ја подигнеме повторно општиана КАрпош на пиедестал“, повика Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This