(Видео) Јакимовски: Карпош повторно ќе биде општината која ја сакате

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Често пати оние што сакаат да ни бидат непријатели, сакаат да бидат злобни, зборуваат за промашувања, зборуваат за одговорност и така натаму. Но, јас морам да им кажам. ДА! Најодговорен за општина Карпош сум јас…“, изјави кандидатот за градоначалник на општина Карпош, и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Јакимовски порача дека Карпош повторно ќе биде општина за пример, општина која се грижи за своите граѓани, од најмладите, до пензионерите.

Карпош повторно ќе биде општината која ја сакате, општината во која секој ќе може во целост да го исполни својот потенцијал, да ги оствари своите идеи и да се чувствува безбеден. За Карпош имам одлични проекти. Ќе ги промениме фасадите на сите згради во енергетски ефикасни. Ќе ги промениме сите азбестни кровови и сите лифтови. Карпош ќе биде општина на младите. Ќе го поддржуваме спортот, во Карпош ќе нема дете кое не спортува. Ќе внимаваме и на најискусните и моите најголеми пријатели – пензионерите. Ќе го реактивираме пензионерскиот клуб. Младите ќе добијат поддршка и за е-спортови. Ќе ги поддржиме и оние кои основаат семејство, со ослободување од давачки кон општината за изградба на свој дом. Сите жители на општина Карпош кои ќе наполнат 18 години ќе добијат бесплатна возачка дозвола. Општината ќе ги покрие сите трошоци. Сите наши деца, ќе имаат место во градинките во Карпош, а ќе изградиме и нови. Постојните ќе добијат зголемен капацитет“, изјави тој.

„Сето ова, и уште многу повеќе ќе го оствариме заедно. Заедно во Моќен сојуз, јас и Вие!“, порача Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This