(Видео) Јакимовски: Моќен Сојуз! Јас и Вие, заедно, за решавање на проблемите на граѓаните на Карпош!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ГРОМ, и кандидат за градонашалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, на денешната промоција ја презентираше својата визија за тоа како треба да изгледа Карпош и за насоките во кои треба да се развива општината во наредните 4 години. Јакимовски ја претстави и листата на советници предводена од Зоран Краљевски.

Јакимовски ја поздрави огромната толпа на граѓани и изрази благодарност за поддршката на анкетите, според кои тој е фаворит за иден градоначалник на Карпош. Тој ги повика граѓаните, во еден моќен сојуз, заеднички да се исправат пред проблемите на карпошани.

„Бараме поддршка за Карпош, да го водиме Карпош заеднички, и бараме да склучиме сојуз, и тоа моќен сојуз со вас, и тоа не за борба против против политичките противници, туку за борба против проблемите. За решавање на проблемите на граѓаните на Карпош“, повика Јакимовски.

„Многумина од вас се запрашуваат што му треба на Стевче повторно да се кандидира. Морам да ви кажам, дека причината за мојата кандидатура е што токму вие, на анкетите ме избавте мене како прв ваш избор за кандидат за градоначалник. И затоа сум вешерва одвде пред вас, веројатно, сѐ она што направивме во изминатиов временски период, и сѐ она што направивме како ангажман, ве увери дека повторно треба да ја земеме палката во општина Карпош. Поминаа четири години. Релативно долг временски период. Морам да кажам дека мене ми пројде доста брзо, имаше и убави и помалку убави моменти, но во секој случај, маглата се крена. И ред е сите ние да направиме рекапитулар“, посочи Јакимовски.

Тој изрази жалење дека општината, која некогаш беше за пример, денес стагнира во сите сфери.

„Дали Карпош отиде напред? Дали Карпош стоои во место или се враќа назад? Не би сакал да бидам премногу критичен, само би рекол дека Карпош стагнираше. Стагнираше во инфраструктура, стагнираше културно стагнираше на спортско поле, стагнираше во социјалната поддршка на граѓаните, стагнираше како општина која беше столб на сите потреби на граѓаните на општина Карпош. Ете затоа ние одлучивме повторно да се кандидираме, да повторно Карпош го вивнеме меѓу првите, не само овде во Скопје и во Република МАкедонија, туку и меѓу првите на Балканот и во Европа.

Јакимовски потсети дека токму тој, за време на неговиот мандат, направи карпошани да живеат во современа оштина, со решени инфраструктурни проблеми, со реновирани училишта и градинки, со поддршка на образованието, спортот, пензионерите.
„Но јас морам да им кажам, да, најодговорен за општина Карпош сум јас. но јас сум одговорен и за овој плоштад. Јас сум одговорен и за кејот на реката Вардар, јас сум одговорен, најодоговорен и за десетте рерновирани училишта. Јас сум најодоговорен што возите по нови улици. Од 220 улици, 217 оставив реновирани, реконсктруирани, а тие сега немилосрдно ги сечат и повторно прават дупки. Јас сум најодговорниот што младите спортуваат доцна во ноќта зашто ги осветлив спортските терени. Јас сум најодговорен зашто Карпош не се поплавува кога имаме поројни дождови. Оти изградивме 45км фекална атмосферска канализација, како и водоводи. Јас сум најодговорниот што вашите деца учат најубавите училишта во Македонија. Јас сум најодоговорен што вашите деца одат во најубавите градинки во Република Македонија. Јас сум најодговорниот што Карпош Соколи ги „испотепа“ сите овде во МАкедонија освен Ѕвезда и Партизан. ЈАс сум најодговорен што клб од Карпош стигна и до Европските мегдани. Јас сум најодговорен што помагав на луѓето, што помагавме на социјалните случаи. Јас сум најодговорен, можеби, или пак еден од одговорните што денеска, три члена на македонската репрезентација во фудбал се токму карпошани и токму наши стипендисти и веројатно една од причините, макар микронска, за да тие денес бидат успешни фудбалери и милионери, и да го носат грбот на оваа држава, е токмуу поттикот што го даваше општина Карпо и стипендиите за талентираните спортисти. Јас сум најодговорен што секоја година учениците од Карпош победуваа во најмалку 3-4 дисциплини во спортските натпревари во Македонија. Јас сум најодговорен што најмалку 5-6тина ученици од општина Карпош победуваа на натпревари по математика, по физика и по други предмети. Јас сум најодговорен што Карпош го организираше и еЕвропскиот куп во шах. Исто така, затоа што беме одлични организатори, ни пониудија 2022 година да бидеме организатори на шаховската олимпијада најубилејните 50 години од првата шаховска олимпијада што ја организиравме овде во Македонија. Одговорен сум и за тоа што има згради, но ќе ве прашам една работа, ако не беа парите од тие згради, со што ние денеска ќе се гордеевме? Само тој што не работи не може да греши. Само тој што лежи, што игра кантер страјк, не може да греши. Но оној што работи секако дека има и грешки. Бројките покажуваат дека споредбата е невозможна да се направи во Карпош додека ние ја водевме општината и овие што ја водат во изминативе четири години. Ако ништо не работеа, ако нема шанса каде да погрешат, тогаш од каде толку големно незадоволство кај граѓантите на Кaрпош, што дури 64% се изјаснуваат дека не се задоволни од работата на локалната самоуправа. Секако нема да бидат задоволни. Граѓаните повторно сакаат во Карпош да се пее, во Карпош да се игра, Карпошовото лето да не трае три дена, туку да трае десет дена“, вели Јакимовски.
Јакимовски истакна дека приоритет во во неговиот мандат ќе бидат младите, децата, учениците, спортистите, но и младите брачни парови, но дека нема да биде изоставена ниту една категорија на граѓани. Со неговите проекти општина Карпош ќе биде едно поубаво место за живеење за сите.

„Парите најмногу ќе ги инвестираме во нашите најмлади жител. Ќе продолжиме со стипендиите за талентираните ученици и спортисти. На младите брачни парови ќе им доделуваме државно земјиште со мали дворови од 200м2 и ќе ги ослободуваме од комуналии за да можат да направат куќи за себе и за своето семејство. Треба да ги поттикнеме и да поддржиме кога им е најтешко. Исто така, морам да ви кажам дека ќе изградиме три базени во училиштата за нема дете во Карпош што не знае да плива. Ќе го поддржуваме спортот, ќе ги поддржуваме пензионерите, моите најдраги пријатели. Може да замислете овде во Влае имавме Пензионерски клуб, го затворија и ги натераа да одат во порта Влае и да се качуваат по скали. Ќе постои и тој во Порта Влае, ќе постои и тој во населба Маврово кај што ни е месната заедница, да ги отвориме вратите за пензионерите, за нивната поддршка, како што реков за спортките клубови. Ќе ја подобриме хигиената ви оптина Карпош. Сите сакаат зеленило, сите зборуваа за зеленило. Се кажуваат, ама никој не се зафаќа да го одржува. преку 30 бунари ќе избушиме, и ќе направиме хидрантска мрежа аз да го одржуваме блоковското зеленило. Се така зеленилото ќе ни вбиде зелено, а не вака, како што денес Карпош ни се претвори во прерија и не ги интересира ништо друго. И ги гледате ли сега по партизанска, поставена хидрантска мрежа, поставен капка по капка, гледате како бездушно го копаат, и господ знае што прават по партизанска. И повторно ќе в кажам, повторно ќе има во Карпош цвеќиња. Како што досега имаше. Инаку да знаете, во изминатиов период засадивме преку 400 000 цвеќиња. И ништо не ни фалеше. И повторно ништо нема да ни фали, повторно од пиле млеко ќе има. Никогаш нема да кукаме дека нема пари. Општина Карпош ќе оди напред и ќе одиме напред заеддно со вас.

Јакимовски уште еднаш повика на поддршка од граѓаните додавајќи дека е подготвен да застане, заедно со нив, да се бори со проблемите.
„Почитувани пријатели, ни остануваат уште 20тина дена до првиот круг. Овојпат Карпош драго ми е то има поголем избор, дури шест кандидати и добро е што вие можете да одберете. Јас сум убеден дека овој пат ќе одберете она што е најдобро за сите вас, па потоа што е добро за вас и за вашето семејство. Ако размислуваме што е најдбро за сите нас, така ќе одиме сите напред. Јас сум подготвен да застанам пред вас, да ја развиваме и да ја градиме општина Карпош. Уште еднаш ја барам вашата доверба. Ве молам, на 17ти, имаме поддршка од граѓанството да излеземе масовно, да заокружиме број 1 и да си се наредиме на листата на победници онака како што кажа Господ. Ни го даде број 1 а така треба да биде и на 17 октомври оваа година. Најбитно е после 17 сите да сме живи и здрави, а се друго ќе си дојде на совето место. Па во насока на таа моја желба да сме сите живи и здрави и да славиме една голема победа за нашиот Карпош. За најбитните работи ќе разговараме, за сугестии што ги имате, но во исто време ќе имаме во живо, онлајн, дирекно да ни давате сугестии да не критикувате, да на поставувате прашања за нашата визија за Карпош. И на крај, една порака до општинската администрација. Никој да не се плаши, влакно нема да ви фали. Со општината ќе раководат оние кои се наспособни, без разлика на која политичка партија припаѓаат. И оние што се подготвени најмногу да му служат на народоот. Ајде од Карпош да почне помирувањето, и да работиме сите заедно, за интересите на граѓаните. И затоа ве повикува да ми дадете поддршка, не да се борам против политичките противници, туку сите заедно да се бориме со проблемите“, заврши Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This