(Видео) Јакимовски: Обвинитeлството не е миразот на мајка и, повеќе немам намера да ја трпам Вилма Русковска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“, на ТВ Алфа, зборуваше за срамното однесување на обвинителката Вилма Русковска, кое, како што изјави тој е некоректно и ги преминува границите на професионално однесување на професионалец на така витална институција.

„Прво мене ми е жал што госпоѓата Вилма Русковска веќе неколку пати ме спомнува, и тогаш кога бара за мене притвор за кривични дела кои воопшто ги немам сторено, јавно изјавуваше дека таа затварала за 20 кебапчиња, а мене ме ослободувале. Мислам дека го преминува она ниво на добро и коректно однесување на професионалец на така витална институција и сметам дека претераа со изживување и со малтретирање и на мене и на моето семејство, што искрено, не сиум подготвен повеќе да го трпам, не да биде Вилма, Света Вилма нека биде, не да биде обвинителство, свети обвинителство нека биде, затоа што тоа обвинителство не е миразот на мајка и туку е на сите граѓани на Република Македонија.

Јакимовски направи паралела на неговиот предмет со предметот со фалсификувани пасоши во кој службеничката што ги потпишувала пасошите е осомничена со обвинителен предлог дека несовено работела, за што доби казна од година и седум месеци.

„Како Стевче Јакимовски ја злоупотребил службената функциаја, а госпоѓата што ги потпишувала пасошите, 190 пасоши потпишала, таа не ја злоупотребила својата службена функциаја. Таа е осомничена со обвинителен предлог, а не со обвинителен акт дека несовено работела, за што доби казна од година и седум месеци.. И јавно овде презентира со какво задоволство Стевче Јакимовски ќе лежел. Кој и го дава нејзе тоа право? Кој и го дава нејзе тоа право во исто време да обвинува и да суди? Судија ли е таа? Во фаза на докажување е постапката. Јавно ќе кажам, срамота да и е и е срам за целото обвинителство. Јавно ќе кажам, ќе каже ли нешто за фалсификатите кои ги доставија до судот, за притисоците врз луѓето? За заканите, за да сведочат против мене? Никој тоа не го сведочеше. Ќе видиме сега што ќе се случи фалсификатите што ги има направено. Малку им беа да ми претресуваат три куќи. Малку им беа ПИ мерките изречени на цела фамилија, на деца на бивша жена на сегашна жена на цела фамилија..само кучето беше без ПИ мерки. Малку беа тие притварања малтретирања, малку беше државна безбедност, и јавна безбедност и финансова полиција, и сега, на крај на тоа уште и фалсификати. Се мачат да докажат кривични дела кои што апсолутно не сум ги сторил. Одговорно тврдам пред целата јавност македонска јавност. Каде сакаат ќе одиме. Поштено од нив само барам, ниту еден микрон да ми додадат, ниту еден микрон да ми одземат. Никакво кривично дело Стевче Јакимовски не сторил, ниту јас ниту моите службеници. Тие си ја знаат својата работа апсолутно е неточно тоа што обвинителството го тврди. Ова е срамота за обвинителството што не знам по кој пат госпоѓата Вилма Русковка го прави. Дали е таа судија или обвинител?“, реагира Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This