(Видео) Јакимовски: Јас cyм cимбoл нa пoлитичкиoт пpoгoн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски во своето гостување на емисијата „Жешко политичко лето“, потернцираше дека тој никогаш не ја злоупотребил неговата службена положба и дека немал ниту една прекршочна а камоли кривична пријава.

Јакимовски исто така дополни дека е симбол на политичкиот прогон, а целата операција што беше во тој период за да се поднесат одредени кривични пријави беше токму да не дојдеме до ваква ситуација, односно да не дојде до повторна можност негова кандидатура.

„Јас никогаш не сум ја злоупотребил службената положба, ниту ќе ја злоупотребам, иако во кариерата имам потпишано преку 950 милиони евра и никогаш не сум имал ни прекршочна, а камоли кривична пријава. Јас сум симбол на политичкиот прогон, што граѓаните можеа и да видат, а целата операција што беше во тој период за да се поднесат одредени кривични пријави беше токму да не дојдеме до ваква ситуација, односно да не дојде до повторна можност за моја кандидатура, затоа што беа свесни дека резултатите што беа постигнати во Карпош се недостижни. Таа битка со кривични пријави и прогон што го имавме, беше битка против резултатите, а не против Стевчо Јакимовски“, истакна Јакимовски.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This