(Видео) ЈАПОНИЈА ТЕСТИРА НОВ СУПЕР БРЗ ВОЗ: Може да вози 400 km/h, а еве кога официјално ќе се најде во употреба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јапонија го тестирала новиот брз воз, најбрз од тој тип.

Станува збор за таканаречен кypшум модел, кој достигнува брзина до 400 километри на час. Со овој воз Јапонија продолжува да го модернизира јавниот превоз.

Верзијата “ALFA-X” на возот Шинкансен го почнала своето прво тест возење. Тестовите ќе траат три години.

Се очекува возот да стане оперативен некаде околу 2030-та година и дека тогаш ќе се движи со брзина од 360 km/h, со што ќе стане најбрзо воз на светот од тој тип.

Ќе биде побрз и од кинескиот “Фуксинг”, кој е побавен за 10 km/h и е конструиран да има исти перформанси како ALFA-X.

Јапонскиот воз има 10 вагони, а ќе биде тестиран меѓу Сенаи и Аомори, два града кои меѓусебно се оддалечени на околу 280 километри.

Тестовите се одвиваат два пати неделно по полноќ, кога сообраќајот е пopедок.

Истовремено, продолжуваат и тестирањата на моделот N700S на истата компанија.

Навалата на нови возови се поклопува со подготовките на Јапонија за Олимписките игри во 2020-та, кои ќе се одржат во Токио.

Сепак, колкава брзина и да достигне ALFA-X, сепак не може да ја надмине брзината на таканаречениот “маглев воз”. Станува збор за воз кој во експериментално возење во 2015-та година достигнал брзина од 603 km/h.

Тој воз користи магнетска левитација во текот на возење. Користи магнетско oдбивaње за да се крене од подлогата, што го намалува триењето.

https://www.youtube.com/watch?v=lmg5I5ddyuo

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This