(Видео) Јовановски: Изгрaдба на спортска сала и гаcификација на Кичево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани сограѓани, жители на Општина Кичево, ви се обраќам како кандидат за градоначалник на општината Кичево. Сакам да ви презентирам два од моите најважни и најприоритетни проекти кон кои ќе пристапам веднаш по стапувањето на функција, секако доколку одлучите и сметате да го дадете својот глас за мене, ова го кажа во своето видео обраќање кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски.

-Јас како татко на три мали дечиња од кои едното девојче веќе стана првоодделенка сметам дека психофизичкиот развој нашите деца е од приоритетно и врвно значење, бидејќи од нив треба да израснат здрави, способни и спремни индивидуи кои ќе го развиваат нашето општество и во иднина. Затоа сметам дека мора да им обезбедиме нормални, модерни и современи услови за образование бидејќи постојат училишта во нашиот град кои иако се централно поставени како Основното училиште „Кузман Јосифоски – Питу“, се уште нема спортска сала во која учениците би ја изведувале својата настава по физичко образование. Тоа е жално бидејќи од мои сознанија дознав дека има изготвено техничка документација изготвен е основен проект за изградба на спортската сала, меѓутоа не знам од кои причини локалната самоуправа не сака да пристапи кон решавање на овој горлив проблем. Затоа размислувајќи за иднината на нашите деца, за нивниот правилен психофизички развој одлучив приоритетен проект да ми биде изградбата на спортската сала токму на ова место кај што се наоѓаме за да можат нашите дечиња кои се спречени особено во есенски или зимски услови да изведуваат нормална настава по физичко образование, да можат нормално да се образуваат, да вежбаат фискултура, да вежбаат гимнастика и да го поттикнат својот психофизички развој. Освен изградбата на спортската сала во ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ , како втор приоритетен проект кој секако тесно е поврзан со првиот би ја напомнал гасификацијата на општината Кичево. Се надевам дека во најскоро време ќе заврши изградбата на магистралниот крак кој се протега од Скопје, низ Тетово и Гостивар ќе пристапиме кон поврзување на нашата општина Кичево со магистралниот гасовод со што би овозможиле поврзување во основа на сите спортски сали градинки, училишта, здравствени установи и сите институции кои се под надлежност на локалната самоуправа во нашата општина. Со тоа не само што би добиле поевтино затоплување, туку би добиле повеќе придобивки. Би ги издвоил дека загадувањето на општината драстично би се намалило во нашата општина бидејќи ќе преминеме од еколошки неиздржани горива како што се мазут и нафта, кон еколошки чисто гориво како што е природниот гас. Како втора придобивка морам да напоменам дека ќе им се олесни работата, производството и трошоците на инвеститорите кои во моментов во трговско развојната зона во Кичево и нормално со тоа би поттикнале нови инвеститори да дојдат знаејќи дека ќе овозможиме подобра инфраструктура и дека ќе овозможиме подобри услови за работа. Со развојот на втората фаза, со приклучувањето на домаќинствата кон локалниот гасовод ќе добиеме исто така поголем број на придобивки за граѓаните за подобрување на нивниот квалитетот на живот и за подобрување на нивниот буџет. Не само што ќе можат да се греат на природен гас, односно да ги заменат цврстите фосилни горива кои допринесуваат за загадување на нашата околина ќе почнат да се греат на природен гас со што ќе им се намалат и трошоците, а исто така ќе можат природниот гас да си го користат во домаќинствата за разни други потреби како на пример готвење, истакна Јовановски.

Затоа сметам дека овие два проекти се приоритетни и кон нив ќе пристапиме веднаш затоа што знаме, сакаме и можеме да го оствариме сето тоа. Да изградиме заедничка иднина, Ве повикувам за промени, проекти и победи! Потенцираше тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This