(Видео) Јaпoнcкa кoмпaниja пpoмoвиpa лeтeчки aвтoмoбил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компанијата Sky Drive Inc. јавно демонстрираше тест возење на летачки автомобил на 25 август, се вели во соопштението на компанијата.

Ова е прва демонстрација на ваков вид возила во историјата на Јапонија.

Пилотот полетал со автомобилот СД-03 и го обиколувал теренот околу четири минути, пишува Си-Ен-Ен.

„Ние сакаме да создадеме општество каде летачките автомобили се прифатливо и погодно превозно средство, каде што луѓето ќе можат да доживеат безбеден и удобен нов начин на живот“, рече директорот на компанијата Томохиро Фукузава.

СД-03 е најмалото електрично возило за полетување и слетување во светот и зазема простор колку два паркирани автомобили, велат од компанијата. Има осум мотори кои обезбедуваат „безбедност при итни случаи“.

Компанијата се надева дека летечкиот автомобил наскоро ќе стане составен дел од нормалниот живот и планира повеќе тест летови под различни услови во иднина за да се осигури дека безбедноста и технологијата на возилото ги исполнуваат индустриските стандарди.

Компанијата има намера да го понуди на пазарот летечкиот автомобил во 2023 година. Не е објавено која ќе биде цената на таквото возило.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This