March 28, 2024, 11:51 pm

(Видео) ЉУБОВТА СЕ РОДИЛА ВО АУШВИЦ: Го спасила пет пати, се пронашле после 72 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Давид Висниа (93) имал само 17 години кога го депортирале во злогласениот Аушвиц, каде морал да ги забавува нацистите, а не ни насетувал дека на тоа ужасно место ќе се заљуби.

 

 

 

За New York Times тој раскажал како стапил во врска со 25-годишната Хелен Спитцер, која го спасила од плинската комора благодарение на својот пристап до транспортните листи во логорот.

Иако се надевале дека по ослободувањето повторно ќе се сретнат во еден од центрите за бегалци во Варшава, тој плн се изјаовил, а до нивната повторна средба поминале дури 72 години. Хелен тогаш имала 98 години и била скоро слепа и глува. Давид ја посетил во нејзиниот стан во Менхетен и и ја запеал унгарската песна на која таа го научила додека биле затворени во логорот. После тоа, никогаш не се виделе, а Хелен починала откако наполнита 100 години.

Нивната романса започнала кога војниците од Аушвиц сфатиле дека Давид убаво пее, па го поставиле да пее пред „сауната“, заедничката бања во која се вршела дезинфекцијата. Хелен го забележала па често доаѓала таму и им давала храна на останатите затвореници за да им чуваат стража дека тие двајца се заедно на половина час.

Со месеци тајно се наоѓале. Хелен бидејќи знаела германски јазик и графички дизајн имала пристап до нацистичките документи па својот сакан пет пати го спасила од плинската комора или преселување во друг логор.

– Го мрдаше мојот број на листите. Луѓето не остануваа долго во Аушвиц. Или умираа, или беа убивани, или преместувани во друг логор. Јас во Аушвиц останав три години. Тоа беше нечуено. Луѓето обично не преживуваа толку долго таму – напишал Давид во своите мемории.

На крајот, тој сепак бил преместен во друг логор на почетокот на 1945 годна. Хелен била меѓу последните кои го напуштиле Аушвиц живи. Откако успеала да побегне, се вратила во родната Словачка, каде имала брат, а потоа дошла во Баварија, дел од Германија кој бил окупиран од страна на САД. Таму го запознала идниот сопруг, со кој заминала за Перу, Боливија, Индонезија, Австралија и конечно дошла во САД, каде го поминала остатокот од животот.

 

Давид, по бегството од логорот ѝ се придружил на американската војска.

– Се чувствував како повторно роден во таа униформа. Англискиот го научив најбрзо што можев. Тоа беше почеток на мојот нов живот – признал Давид.

По војната се преселил во САД, каде имал роднина. Таму ја запознал сопругата Хоуп, со која има четири деца и шест внуци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This