(Видео) 516 метри убавина: Се отвара најдолгиот висечки мост во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На шеесетина километри од Порто, во португалскиот град Арука, наскоро ќе се отвори најдолгиот мост за пешаци во светот. Долг е 516 метри, поради што го доби името „516 Ароука“.

Мостот гледа на кањонот на реката Паива, изграден е дури 175 метри над земјата, а е широк 1,2 метри . Направен е од челични кабли и метални решетки и е поставен помеѓу две бетонски кули.

Потребни се пет до десет минути за да стигнете од едниот до другиот крај . Времето на преминување исто така може да се зголеми во зависност од тоа дали ќе застанете додека одите од страв од височина или од желбата да му се восхитувате на спектакуларниот поглед на кањонот.

Мостот „ 516 Ароука “ треба да биде отворен во текот на следната година, но точниот датум засега не е познат. Кога ќе се отвори и официјално се симне од тронот на претходниот победник, најдолгиот висечки мост во Зермат во Швајцарија, кој е долг околу 500 метри, пренесува порталот „Панкуфер“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This