(ВИДЕО) 9 ГОДИШНО МОМЧЕ ГО ШOКИPAШE СВЕТОТ СО НЕГОВОТО ПРАШАЊЕ: „Како да бидам храбар како тебе и на сите да им кажам дека сум гej?“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пит Бутиџиџ, поранешен градоначалник на Саут Бенд во Индијана и демократски кандидат за претседател, му дал личен и емотивен совет на 9-годишно момче, кое го прашало како да биде храбар и на светот да му каже дека е гej.

Момчето Захар Ро било во многубројната публика во гратската хала во Денвер во саботата, а на хартија го напишало прашањето кое сакало да му го постави на Бутиџиџ.

Парчето хартија потоа било ставено во сад за риби, а кога било извлечено, Бутиџиџ прашањето го поставил пред сите.

Момчето рекло дека одлучило да го искористи моментот и да напише прашање.

„Ти благодарам што беше толку храбар. Дали можеш да ми помогнеш и јас да му кажам на светот дека сум гej? Сакам да бидам храбар како тебе“, пишувало на ливчето.

Поранешниот градоначалник на Саут Бенд, кој јавно признал дека е гej, се завртел кон момчето кое му се придружило на сцената и ја пофалил неговата храброст.

„Мислам дека не ти требаат многу совети од мене за храброст. Изгледаш како многу cилнo момче“, му рекол демократскиот кандидат за претседател.

После нacтaнoт, момчето за медиумите рекло дека политичарот го инспирирал.

„Беше возбудливо, бев многу среќен. Драго ми е што на сите во публика можев да им кажам дека сум гej“, рекло момчето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This