March 29, 2024, 10:45 am

(Видео) Aвтобусот се зaпaли при првиот yдap: Ново пoтpecно сведоштво на пpeживеан патник, кога зacпивам слушам вpecoци на деца и луѓе кои се гyшaт од чад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љуљзим Сулејмани, српскиот државјанин кој неодамна беше повреден во тешка сообраќајна несреќа во Бугарија, во која животот го загубија најмалку 46 лица, кој пред два дена беше префрлен во Здравствениот дом Врање, вели дека може да спие бидејќи кога ќе заспие, слуша деца како врескаат, додека луѓето викаат и се гушат од чад.

Директорот на Здравствениот дом Врање, Саша Ѓорѓевиќ изјавил дека пациентот е сместен на хируршкото одделение во новиот хируршки блок, пишува српскиот поратал Независен.

„Љуљзим Сулејмани е во добра општа состојба, под лекарски надзор. Се очекува да биде пуштен дома на понатамошно закрепнување и домашно лекување“, изјави Ѓорѓевиќ.

Сулејмани, кој е од Прешево, се присети на страшниот момент кога се запалил автобус на превозник од Македонија, кој патувал со неговата свршеница за Истанбул.

„Не можам да спијам, бидејќи кога заспивам слушам деца како врескаат, луѓе викаат и се гушат од чад“, вели Сулејмани и се сеќава како земал чекан и скршил прозорец, паднал низ прозорецот на земја и почнал да ја вика својата вереница.

Ја викнал својата свршеница, таа набрзо скокнала од скршениот прозорец и паднала до него при што го повредила коленото, а потоа излегле уште пет патници. Пожарот избувнал и се проширил многу брзо.

„Автобусот удри во тротоар, се слушна удар и пожарот веднаш избувна, чадот многу брзо се прошири“, вели Љуљзим.

Покpaј пoтpecото сведоштво на Љуљзим од неговата изјава може да се дојде до констатација дека пожарто избувнал при првиот удар што е важно за натамошниот тек на истрагата.

Не се готови сите вештачења и анализи на колегите од Бугарија. Навистина нафтата многу тешко се пали. Но возможно е да имало многу искри, искричења, удира автобусот во десната, па во левата и пак во десната банкина и можно е да имало многу искричења, смета шефицата на специјалното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Бугарските власти ја намалуваат брзината од 120 на 90 километри на час на патот Драгичево – Долна Дикања на патот „Струма“ каде се случи тешката автобуска несреќа во коајшто загинаа 45 лица, соопшти министерката за регионален развој, Виолета Комитова.

Сепак бугарските власти иако признааат дека овој пат има маани, сепак велат дека главната причина за несреќата е пожарот што избувнал во автобусот.

– Не можеме да тврдиме дека зголемувањето на максималната брзина од 120 километри на час е главната причина за несреќата. Грубоста на површината на патот е во прилично добра состојба. Во однос на заштитната ограда наречена „рибја опашка“ истата ги исполнува стандардите. Наводно, несреќата не била со голема брзина, но избувнал пожар. Имаме многу чуден настан – пожар, што мислам дека е главната причина за жртвите. Немаме објаснување како точно изгоре овој автобус, додаде таа.

„Во досегашната моја работа во делот на вештачење на сообраќајни незгоди, ова е прв случај каде што возилото/автобусот е опожарен и целосно изгорен за толку брзо време, коешто оневозможило поголем дел од патниците да го напуштат автобусот“ вели проф.д-р Зоран Јошевски од Технички факултет Битола- отсек за сообраќај и транспорт бво интервју за „Локално“.

„Резервоарите на автобусите се заштитени и по правило не треба да дозволат во случај на сообраќајна незгода да дојде до опожарување на автобусот. Но, во дадениот случај се работи за сообраќајна незгода со многу специфики и од она што можам да го слушнам од одредени експерти, тие не ја отфрлаат можноста продорот на заштитната метална ограда да бил до резервоарите за гориво и во овој момент да дошло до појавата на пожарот.

Но, и во една ваква ситуација, вештите лица коишто се занимаваат со оваа проблематика, треба да одговорат зошто опожарувањето настанало во толку краток временски период, односно што било катализатор на пожарот, а посебно ако се има во предвид дека сите современи автобуси имаат системи за заштита од пожари“ , вели Јошевски.

Професорот се надева дека целосно ќе бидат истражени сите шпекулации од тоа дека во автобусот било превезувано гориво, пиротехнички материјали, постоеле посебно вградени резервоари за шверц на гориво, па до тоа дека се работи за терористички акт и дека се она што нема материјална поткрепа ќе биде отфрлено.

На прашање на Инфомакс Јовевски и бугарските обвинители истакнаа дека истрагата врши хемиски анализи за тоа какви запаливи материи се пронајдени во автобусот кои би можеле да бидат катализатор за пожарот и главна причина за толку голем број на жртви.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This