(Видео) Aкo и ce зakaнyвaтe нa Русија, oдгoвopoт ќe бидe жecтoк – Путин мy ce зakaни нa cвeтoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин денес им се обрати на пратениците во Федералното Собрание од Државната Дума и Советот на Федрацијата. Во својој говор највеќе внимание посвети на внатрешната политика. Зборуваше за семејството, епидемијата, а испрати и кратка, но јасна порака на странските партнери.

Клучните пораки на Владимир Путин кои се однесуваат на руските интереси и безбедност се:

Во меѓународната политика официјална Мосвка ќе се „однесува на највисок степен на воздржаност“, и покрај отвореното безобразие на другите земји, и покрај тоа што ваквото однесување стана една врста на „спорт“.

Русија има свои интереси кои ние ги штитиме и ќе ги браниме во рамки на меѓународното право како што тоа го прават другите земји во светот. А ако некој одбива да ја сфати оваа очигледна работа и не сака да води дијалок и одбира егоистичен тон, Русија секогаш ќе најде пат да ја одбрани својата позиција.

Русија посакува со сите да има добри односи и со никој не планира да „пали мостови“, но, доколку некој пробува да ги толкува нашите добри намери како рамнодушност или слабост и со тие намери проба да ги „запали тие мостови“ или да ги „дигне тие мостови во воздух“, тогаш мора да знае дека одговорот на Русија ќе биде асиметричен, брз и жежок. Организаторите на било какви провокации кои ги загрозуваат суштинските интереси на нашата безбедност ќе зажалат како никој претходно.

Притоа, црвените линии во однос со другите земји околу Русија, не одредуваат во секој конкретен случај сами. Русија продолжува да се вооружува со огнено оружје. Конкретно, уделот во нуклеарното оружје на современата технологија на крајот на 2021 година ќе биде близу 90 отсто.

Исто така, Москва се залага за глобална стабилност и предглага формирање на „еднаква безбедност“ за целиот свет.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This