March 28, 2024, 10:25 pm

(Видео) Aпoкaлиптични cцeни вo Конго: Пo epyпциjaта нa вyлкaн cтoтинa зeмjoтpecи cpaмниja дeceтици нaceлби, имa и пoвpeдeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјотрес регистриран на границата меѓу Конго и Руанда уништил голем број згради во градот градот Гома, а се стравува дека повторно ќе дојде до ерупција на блискиот вулкан Нијарангонго, само три дена откако во првата ерупција загинаа десетици лица, а 17 села беа уништени од лавата.

Земјотресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала и бил најсилниот од над 100 земјотреси регистрирани по ерупцијата на вулканот, кој е еден од најактивните и најопасните вулкани во светот.

Знаеме дека има поврдени деца затоа што денеска урнатата зграда се наоѓаше на само неколку чекори од канцеларијата на УНИЦЕФ во Гома – соопшти оваа агенција на ОН.

Три лица биле извлечени од под урнатините на зграда во Гома, град со два милиони жители.

Земјотресот се случи во 11:03 часот по локално време, со епицентар во Ругерер, во западна Руанда, соопшти Сеизмичката служба на Руанда.

Во Гома вчера беа регистрирани 119 потреси, но нивниот интензитет почна полека да опаѓа – изјави Касерека Махинда, директор на градската вулканска служба.

Земјотресите предизвикаа придвижување на тектонски плочи што се обидуваар повторно да се избалансираат по ерупцијата, феномен што веќе беше забележан по ерупциите во 1997 и 2002 година.

Штом пукнатината ја врати својата рамнотежа, треперењето ќе престане – изјави Махинда за британските медиуми.

Од Обединетите нации наведуваат дека во земјотресот се уништени околу 1.000 куќи, а над 5.000 лица се раселени.

УНХЦР, повикувајќи се на властите, наведува дека загинале 32 лица, од кои седум загинале од лавата, а петмина се задушиле.

Лавата застанала на неколку стотици метри пред градот, но попатно проголта 17 села, го прекина напојувањето со електрична енергија и го блокираше главниот пат, привремено прекинувајќи го протокот на хуманитарна помош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This