(Видео) Bитaнов гениjaлен: Кој е бyдaлa тука да влoжи пари – cyд нeмa, нapoдот сам е kpив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Cпоред економскиот аналитичар Зоран Витанов, владата на СДСМ и Заев нема ниту кадрова политика, ниту политичка воља за привлекување на странски инвестиции. Прво и основно државата треба да има воља да привлече странски инвестиции, а на оваа Влада откако е дојдена на власт, воопшто не и е фокусот странски инвестиции.

-Мојот личен впечаток е дека оваа Влада што не е заинтересирана за националните економски интереси на Македонија. Оваа Влада има друга агенда, а тоа е да направи интерес на соседни држави од политички аспект, а не од економски. Тоа првата причина. Втората причина е дека треба да се има и стручност. Ај да ги видиме кои се тие луѓе кои треба да привлечат странски инвестиции и тоа по име и пезиме. Лице одговорно, советник на премиерот Заев за привлекување на странски инвестиции е Љубе Бошковски. Дали Љубе Бошковски, доколку еве Вие имате приватна фирма, би го ставиле на тоа место за да привлекува странски партнери. Дали во него гледате компентенција. Лице број два е Артан Груби. Кога ми доаѓа мене Артан Груби како име и презиме ме асоцира на Камбоџа. Камбоџа беше една од најкатастрофалните држави во светот, кога луѓе како Артан Груби беа на власт. Дали знаете дека денес, откако Камбоџа одлучи да раскрсти со таквите луѓе, да не бидат воопшто присутни во социјалниот, а не во политичкиот живот, ги изолира таму каде што им е местото, денес Камбоџа е во топ десетте странски дестинации за привлекување на инвестиции, вели Витанов.

Е сега во Камбоџа, продолжи тој велат немојте да бидеме како Македонија. Тоа значи дека оваа Влада нема ниту кадрова политика, ниту политичка воља.

-И не треба да се залажуваме. Еве уште еден податок. Претходната Влада многу ја критикував за економија, бидејќи премногу беше вмешана во “сомнителна” економија. Не би ја нарекол црна, би ја нарекол сива. Меѓутоа од десетте фирми извозници во Република Македонија во 2020 година, осум се од странските инвестиции што ги привлече претходната влада. Бројките никогаш не лажат во економијата. Немаме странски инвестии бидејќи домаќините од странство кои се спремни своите пари да ги инвестираат, гледаат дека ги инвестираат во недомаќини. И на крај амбиентот. Во услови на немање на судство, не на корумпирано судство, туку на немање на судство, кој будала ќе си уложи своите пари овде, дециден е Витанов.

https://twitter.com/drakulka143/status/1350762501525409803

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This