(Видео) Bлaгaњe кaкo “дoмa”: Oтпyштeн paбoтник co бaгep влeтa вo фaбpикa нa Мерцедес во Шпанија и направи пeпeл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешен вработен во погоните на Мерцедес во Виторија, Шпанија на своите газди им приреди незаборавна новогодишна ноќ откако влета со багер во погоните и направи штета од 5 милиони евра.

Неименуваниот работник во раните утрински часови на крајот на старата година, 38-годишникот возејќи багер дошол во фабриката, каде се произведуваат модели на патнички и товарни возила Mercedes Vito и V-Class, сакал да направи штета и успеа во намерата.

Откако ја пробил вратата на фабриката, тој пристигнал на паркингот каде демолирал педесетина нови нови комбиња кои чекале да бидат доставени до купувачите, објави „Ел паис“

Чуварите неможеле да го задржат поранешниот вработен, па дури и пукале во воздух, додека ја чекале полицијата.

Човекот работел во фабриката во 2016 и 2017 година, што би значело дека неговата акција во четвртокот на Нова Година е резултат на долгогодишно планирање. Тој украл багер од дворот на градежна компанија во Легутијан, а потоа возејќи го багерот стигнал во 21 километар оддалечената фабрика на Мерцедес.

Иако нема официјални податоци за штетата, „Ел Паис“ објави дека станува збор за штета од најмалку 5 милиони евра. Извори од фабриката велат дека човекот искршил околу 50 возила, додека други тврдат дека бројот е многу поголем, околу 70.

Работникот е уапсен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за кражба и предизвикување материјална штета, а истрагата што е во тек го толкуваше ова дело како кампања за одмазда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This