(Видео) Boдeни тoпoви и coлзавец: Bpие во Атина, Грците на улица пpoтив задолжителната вakцинација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчката полиција употреби солзавец и водени топови во Атина за да ги растера демонстрантите кои протестираат против вакцинацијата против коронавирус.

Околу 1.500 луѓе учествуваа на протест пред парламентот вчера, по втор пат во една недела, против грчкиот план за вакцинација против ковид-19, објави Ројтерс.

Протестот минатата среда привлече повеќе од 5.000 луѓе, од кои некои вееја грчки знамиња и дрвени крстови.

https://twitter.com/bee_stellas/status/1418070526728327168?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1418070526728327168%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmms.mk%2F236335%2FD0B2D0B8D0B4D0B5D0BE-D0BFD180D0BED182D0B5D181D182D0B8-D0BFD180D0BED182D0B8D0B2-D0B2D0B0D0BAD186D0B8D0BDD0B0D186D0B8D198D0B0-D0B2D0BE%2F

Протестите беа поттикнати од одлуката на владата за задолжително вакцинирање на здравствени работници и вработени во домови за стари лица.

Владата предложи на есен да се вакцинираат и други групи, како што се наставниците.

Бројот на заразени лица во Грција расте во последните неколку недели, додека во средата беа регистрирани скоро 3.000 нови случаи, со што вкупниот број на заразени лица достигна 463 473 лица од почетокот на пандемијата.

Повеќе од 12.800 луѓе починаа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This