April 20, 2024, 12:47 am

(Видео) Bo Калифорнија пpoнajдeнa плaнтaжa co mapихyaнa вpeднa милиjapдa дoлapи – yaпceни пoвeќe oд 130 лицa, eвe кoлкy тoни бea зaплeнeти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За време на полициската акција која трае околу десет дена длабоко во ридовите на пустинската област во близина на Лос Анџелес, беа запленети 16 тони марихуана.

Калифорниската полиција откри огромна нелегална плантажа со марихуана во близина на Лос Анџелес, што би донела милијарда долари при улична продажба, заплени 370.000 растенија, а досега е уапсено 131 лице.

Полициските службеници соопштија дека за време на операцијата, која траела десет дена, биле запленети 16 тони марихуана и дека продолжува ангажманот на стотици полицајци, пренесуваат регионалните медиуми.

Тоа е толку голема плантажа што полицијата досега уништи 205 од околу 500 пластеници и собра само 40 проценти од вкупната количина на марихуана одгледана таму, соопштила полицијата.

Тие објасниле дека насадот е поврзан со банди за трговија со дрога.

Гласачите во американската држава Калифорнија ја легализираа марихуаната за рекреативни цели во 2016 година, а легалната продажба започна во 2018 година.

Откриената плантажа, чувана од вооружени чувари на бандите, е нелегална, скриена длабоко во ридовите на пустинската област и се наводнува со украдена вода од мрежата на противпожарни хидранти и нелегални бунари.

Растот на стеблата, велат властите, е поттикнат од употреба на забранети, токсични хемикалии.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This