April 24, 2024, 12:32 pm

(Видео) Boeн aвиoн ce ypнa вo Мјанмар: 12 лицa зaгинaa, пpeживeaлe пилoтoт и yштe eдeн пaтик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Воен авион се урна во близина на вториот по големина град во Мјанмар, Мандалај, при што загинаа 12 лица, се вели во соопштението на градската противпожарна служба на социјалните мрежи.

Авионот летал од главниот град Најпијадава до градот Пиин Оо Луин, и се срушил при слетувањето на околу 300 метри од фабрика за челик, објави воената телевизија Мјавади.

Во авионот имало шест воени лица, како и монаси кои требало да присуствуваат на церемонија во будистички манастир, објавиле медиумите.

Пилотот и еден патник преживеале и биле пренесени во воена болница, според граѓаните и објавите на социјалните мрежи.

Сè уште не е јасно што ја предизвикало несреќата. Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат дека страната на авионот е сериозно оштетена.

Мјанмар е среде немири, откако во воен удар е соборена избраната влада предводена од Аунг Сан Су Чи на 1 февруари, со секојдневни протести во градовите и борби во пограничните области меѓу армијата и милициите на етничките малцинства.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This