March 28, 2024, 11:15 pm

(Видео) Cитyaциjaтa никaкo дa cтивнe: Pacтe бpojoт нa жpтвитe вo изрaeлско-пaлecтинcкиoт кoнфликт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израел ноќеска го бомбардираше домот на лидерот на Хамас за Газа Јахја Синвари, а групата одговори со ракетни напади врз Тел Авив.

Најмалку тројца Палестинци загинале во израелските воздушни напади врз енклавата, соопштија тамошните здравствени власти, а голем број жители се повредени. Во текот на ноќта, звукот на бомбардирањето одекнуваше низ Газа, пренесува Ројтерс.

И дел од Израелците во Тел Авив и предградијата ја поминаа ноќта во засолништа поради ракетните напади од Газа. Околу 10 лица биле повредени додека бегале во засолништата.

Најмалку 148 лица, од кои 41 дете, се убиени во Газа откако избувнаа судирите во понеделникот. Израел пријави десет смртни случаи, од кои две деца.

Израелската војска објави снимка на која се гледа како што тврдат, дека уништиле складиште за оружје во домот на командант на Хамас.

Саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд, денеска го осуди израелското „флагрантно кршење“ на палестинските права и ја повика меѓународната заедница да дејствува итно за да ги запре воените операции.

Ал Сауд ова го рече на почетокот на вонредниот виртуелен состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ), во кој членуваат 57 земји-членки. Во меѓувреме, судирите меѓу Израел и палестинските милитанти во Појасот Газа траат веќе седум дена.

Саудискиот министер за надворешни работи го осуди, рече тој, „кршењето на светоста на исламските свети места“ и „присилното“ иселување на Палестинците од нивните домови во Источен Ерусалим.

Тој ја повика меѓународната заедница да преземе одговорност и да гарантира крај на таквата „опасна ескалација“ на конфликтот и да преземе итни чекори за крај на воените операции и заживување на мировните преговори врз основа на договорот постигнат претходно.

„Хезболах не сака да се меша во конфликтите во Газа, изјавил извор за „Тајмс оф Израел“. „Ние немаме интерес од тоа“, рекле тие.

Израелската армија уби 33 Палестинци, од кои тринаесет деца, во Газа рано утрово, соопштија здравствените власти во Појасот Газа, додека ракети беа истрелани од Газа кон Израел на седмиот ден од борбите.

Од почетокот на конфликтот, убиени се 181 лице, од кои 52 деца.

Израел објави дека биле убиени 10 нејзини државјани, вклучувајќи и две деца.

Советот за безбедност на ООН ќе се состане подоцна во текот на денов за да разговара за најжестокиот палестинско-израелски конфликт во последните неколку години.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This