(ВИДЕО) CЛEПO МОМЧЕ ЗАПЕА ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР: Луѓето останаа зaпрeпacтeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога Карл Малун Монтекидо го зеде микрофонот во paцeтe во трговски центар на Филипините, сè запре.

Овој cлeп студент од Баколод го пееше Too Good At Goodbyes од Сем Смит на караоке во една продавница и ги остави сите без текст.

Неговиот неверојатен настап го снимила Трикси Медисон, која била во продавницата, а клипот го објави на социјалните мрежи.

Наскоро, Карл стана вирален хит, а снимката дури стигна и до Сем Смит.

„Кој е ова момче? Вонсериски си, кој и да си“, му рече Смит споделувајќи видео на Твитер.

Снимките на Карл дошле и до пејачката Кели Кларксон, која исто така ја споделила снимката на нејзиниот профил на таа социјална мрежа.

„Ова мало е чудо“, коментира таа.

Снимката од трговскиот центар беше објавена на почетокот на февруари, а е прегледана е повеќе од 11 милиони пати на социјалните мрежи и само расте.

„Луѓето не аплаудираа на крајот, бидејќи тој беше толку добар што мислеа дека работи таму“, коментираа некои.

Карл исто така има свој канал „Јутјуб“ каде редовно ги објавува своите преработки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This