March 29, 2024, 10:48 am

(Видео) Cрeдe пaндeмиja и пeкoлнo лeтo – сeлo Дукaтинo 3 мeceци бeз вoдa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителите на селото Дукатино во општина Василево повеќе од 3 месеци се соочуваат со недостаток на вода.

Отежителна околност во целата ситуација се особено високите температури и пандемијата на коронавирус во моменти кога граѓаните не можат да ги остварат основните санитетски потреби.

Граѓаните на социјалните мрежи пишуваат дека постојано се обидуваат да стапат во контакт со директорот на комунално и градоначалникот на општината. Тие велат дека вода имаат само 5 куќи кои поголемиот дел од водата ја користат за наводнување на земјоделските површини, а останатите домови се оставени на милост и немилост на овие високи температури.

Инфомакс го контактираше директорот на Комуналното претпријатие во Василево, кој вели дека секојдневно се работи на случајот и решавање на проблемот. Тој потенцира дека доводот од изводот до резервоарот бил исечен на 18 места и дека жителите ја прават штетата. Сето ова е поткрепено со снимки и е пријавено во полиција.

Исто така, директорот потенцира дека им се одобрени средства од државата за нов водоводен систем, линијата е пуштена, но не е укопана затоа што за тоа е потребно да се копа две недели. Во меѓувреме жителите се снабдуваат со вода преку црево, но поради некои неразјаснети причини, навечер жителите го сечат со моторна пила и само вчера (10.08) биле исечени 400 метри од цревото.

“Денес е пуштена водата, но не знаеме до кога ќе трае тоа, со оглед на несовесните жители”, изјави директорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This